Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека вториот пензиски столб нема да биде укинат, но дека во иднина е можно разгледување хибриден модел на пензиско осигурување. Во интервјуто на Телма тој се осврна на дискусиите за функционирањето на пензискиот систем и на доцнењето на уплатите кон пензиските друштва. Според премиерот, доцнења се случувале и во претходни години, вклучително и периоди кога достигнувале 180 дена. Изјавата е важна по ...

Скопје, 23 ноември 2026 (МИА) - За вториот пензиски столб се разгледуваат неколку модели, ќе има јавна расправа за да се утврди решение кое нема да биде наметнато и законски ќе помине во Собранието, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. - Има повеќе модели коишто практиката ги познава, но не е исклучено ни некое хибридно решение, рече Мицкоски вечерва во интервју за Телма телевизија, посочувајќи дека ќе има јавна расправа со вклученост на ...

Вториот пензиски столб останува, но на маса се повеќе опции за негово реформирање – дециден е премиерот Мицкоски. Тој ги отфрла тврдењата дека се брише обврската за уплата од 6 проценти во приватните фондови, нагласувајќи дека национализацијата е најнепосакуваното сценарио. Во однос на доцнењето на трансферите кон приватните друштва, Мицкоски вели дека рокот веќе е скратен на 45 дена, а наскоро ќе се сведе и под еден месец. Дека пензискиот ...