Голови не видовме по првите 45. минути на финалниот натпревар во Купот помеѓу Силекс и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“. Повеќе тактичко надмудрување, повеќе борба на средината на теренот, а сериозни шанси само три. Силекс добро го почна мечот, ја имаше иницијативата, и првата прилика. Алиќ од свртување од околу 20 метри сакаше да го изненади Гаје, кој беше внимателен и одби во корнер. Шкендија се ослободи од притисокот и тргна ...
Арсими – Струга ТЛ 0:0 по првите 45.минути од првиот меч од последното 33.коло во сезоната во ПМФЛ. Во меч кој резултатски е сосема неважен, се игра за престиж. Нема голови, а нема ни некој посбен ритам овој меч, барем во првиот дел. Гостите се заканија преку Малески во 8.минута и 39.минута, се обиде и Зенделовски да донесе водство. Кај домашните Велија а потоа и Гафури можеа да донесат водство. Но прво гостинскиот голман спаси, а потоа тоа ...

