Модерната „битка за Троја“ на кошаркарскиот Евролигашки Фајнал-фор не заврши добро за екипата на Фенербахче. Во жестоката полуфинална пресметка, Олимпијакос се покажа како далеку подобар и подоминантен противник, славејќи со убедливи 79:61. Актуелниот европски шампион од Истанбул изгледаше целосно испразнет, без свежина и без вистински идеен одговор во својот најважен натпревар за сезоната. Кобен старт во пеколот на „Телеком Центарот“ ...

Денеска во Атина започнува завршниот турнир од кошаркарската Евролига – Фајнал фор 2026, на кој четирите најдобри екипи сезонава ќе се борат за европската титула. Полуфиналната програма се игра во „Телеком Центар Атина“. Први на терен, од 17:00 часот, излегуваат Олимпијакос и Фенербахче, додека второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Валенсија е закажано од 20:00 часот. Победниците од двата дуели ќе играат во големото финале, кое е закажано за ...

Олимпијакос по огромна драма успеа да слави над Реал Мадрид и да се искачи на врвот на кошаркарска Европа, откако во вечерашното финале во Атина го совлада Реал Мадрид со резултат 90-85. Како и пред 13 години кога го совладаа Реал додека во тимот го имаа нашиот Перо Антиќ, атинските „црвено-бели“ дочекаа повторно да се искачат на тронот, повторно со триумф над шпанскиот кошаркарски гигант. „Кралевите“ и без тројца повредени центри се покажаа ...