За една недела ќе се знае Владината стратегија за цените на 700 основни производи, најави денеска од Штип, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој потенцираше дека инспекторите извршиле контроли во голем број продажни објекти, по што Владата ќе одлучи дали и какви мерки ќе бидат преземени за намалување на цените. Во однос на трговските маржи, Ристески рече дека анализите ќе покажат во кои категории производи има највисоки ...

Државниот пазарен инспекторат ги следи цените на околу 700 есенцијални производи, а резултатите од анализата се очекуваат во рок од една недела, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, пренесе МИА. При посетата на Агенцијата за вработување во Штип, Ристески рече дека инспекторите извршиле контроли во голем број продажни објекти, по што Владата ќе одлучи дали и какви мерки ќе бидат преземени за намалување на цените. Тој ...

Овој период ќе има максимален надзор од пазарната инспекција. Буквално на сите маркети, дистрибутери, добавувачи и проиводители за да видиме каде има поголеми маржи и доколку има поголеми, неосновани маржи, да може да се намалат или да бидат на исто ниво со цел да не се зголемуваат цените, а со тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните. Ова го изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески при денешниот престој во Прилеп, во ...

Ристески рече дека ова е договорено по средбата со маркетите во кабинетот на премиерот, а договорот опфаќа тие неосновано да не ги зголемуваат цените на производите. „Се договоривме неосновано да не ги зголемуваат цените на производите. Договоривме дека овој период ќе имаме максимален надзор од пазарната инспекција. Македонија има најниски цени на Балканот и во Европа, меѓутоа, сѐ уште има простор за стапката на инфлација, која, исто така е ...