На 1 јуни од 9:30 часот во Детскиот културен центар Карпош (ДКЦ) во Скопје ќе се одржи музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“ на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години. „Со звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан, започнува овој натпревар, кој ќе нѐ одведе во различни предели и региони од нашата држава и преку ноти ќе се раскажат приказни кои зборуваат ...

Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) – Во Големата сала на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, денеска започнува музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“, наменет за деца и млади од 10 до 18 години. Како што стои во соопштението на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, целта на музичкиот натпревар е да се развие желбата и љубовта на децата и младите за изучување на народни изворни инструменти, како и да се продолжи традицијата од нашите предци. – ...