Гласањето на парламентарните избори во Ерменија заврши во 20:00 часот по локално време, а броењето на гласовите ќе започне веднаш по затворањето на гласачките места. Централната изборна комисија наскоро ќе ги објави конечните бројки за излезноста, објави РИА Новости, истакнувајќи дека до 17:00 часот по московско време гласале 1.224.957 граѓани, или 48,92 проценти од 2.503.976 лица со право на глас. На парламентарните избори во Ерменија ...

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан рано утринава прогласи победа на парламентарните избори, откако резултатите од нешто повеќе од една петтина од гласачките места покажаа дека неговата партија има околу 54 отсто од гласовите. Ерменската изборна комисија ќе ги објави прелиминарните резултати во текот на денешниот ден. На прес-конференција Пашинијан изјави дека неговата партија „Граѓански договор“ победила и тоа го нарече „историска победа“, ...

Владејачката партија „Граѓански договор“ во Ерменија победи на парламентарните избори, кои се сметаат за тест за нејзиниот стремеж за мировeн договор со Азербејџан и се поголемото свртување кон Западот, подалеку од традиционалниот патрон Русија. Партијата на премиерот Никол Пашинјан освои 49,8% од гласовите со преброени сите гласачки места, доволно за да обезбеди парламентарно мнозинство според изборниот систем на Ерменија, соопшти ...

Руските власти денес ја осудија улогата на Европската Унија (ЕУ) на вчерашните парламентарни избори во Ерменија, на кои победи партијата на премиерот Никол Пашинјан, објавија руските медиуми. „Парламентарните избори се одржаа во контекст на невиден притисок врз опозицијата и мешање од страна на Западот, првенствено ЕУ“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додаде дека целата изборна кампања и ...