Документи од и за животот на Алексо Демниевски-Бауман, патронот на велешката касарна на АРМ, ѝ се донирани на касарната и тие ќе бидат поставени во неговата спомен-соба, кажаа на првото одбележување на патронот на касарната. „Ова се документи од Перо Коробар, исто така велешанец, кој собирал сè за делото на Алексо Демниевски-Бауман. Тие ќе бидат изложени во неговата спомен-соба и ќе бидат достапни за сите кои сакаат да го проучуваат неговото ...

Велес, 5 септеври 2025 (МИА) - Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде е сместена Командата за обука и доктрини денеска за првпат свечено беше одбележан 5 Септември - Денот на патронатот Алексо Демниевски Бауман, шпански борец и борец во НОВ кој починал на денешен ден во 1961 година во Белград. Букети цвеќе на неговата спомен биста во кругот на касарната денеска положија претставници на Армијата од КОД предводени од командантот бригадниот ...