ТФТ се врати на победнички патеки во македонскиот шампионат, откако лесно и убедливо славеше на денешниот дуел против Вардар со 90-37. „Вардарци“ се веќе на пат кон втората лига, но никој не очекуваше така слабо издание во нападот на „фенерџијата“ на табелата, со само 37 постигнати поени за вкупно 40 минути игра. Од нив, Вардар дури 25 постигна во првото полувреме од натпреварот (27-23, 23-12). Второто полувреме мина во тотална доминација на ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа во градскиот дуел со Вардар и тоа со убедливи 90-37 во рамките на 19. коло на Првата македонска лига. Пресметката во СРЦ „Кале“ не понуди многу борба поради слабиот настап на гостинската екипа. Момците на Боро Смилковски на рутина го решија мечот во своја корист и славеа со вртоглави 53 поени разлика. Само првата четвртина беше донекаде израмнета и во неа вардарци парираа и се одржуваа на пристојна негатива ...

Ретко се случува во машка кошарка еден тим да даде под 40 коша. Е токму тоа му се случи на тимот на Вардар кој што на гостувањето кај ТФТ вечерва загуби со преку 50 поени разлика. Конечните 90:37 се само одраз на силите на терен на кој постоеше само еден тим. Кај домаќинот најдобар на терен, Герет Браун со 15 поени, и осум скока, додека следуваше Зафиров со 14 поени, па Ташовски со 12, Стојановски со 11 и Бајрам со девет. ТФТ сега со 19 ...