Не е точно дека медиумите не го покривале и не известувале за ловот на дивоградби што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го почна со преноси во живо на Фејсбук. Од првиот ден кога Арсовска обвини за дивоградби во Чаир медиумите екстензивно ја покриваат темата и со прилози и со вести во низа, секој ден со опфатени различни агли, како постапувањето на полицијата, одговорите од Општина Чаир… Во медиумите има интервјуа со Арсовска, а беше ...

Откако денеска од коалицијата ВРЕДИ, ја прозваа за наводна дивоградба, градоначалничката на Град Скопје на социјалните мрежи излезе со свој одговор. „Мухамед Елмази беше член на Совет на град Скопје во овој мандат и истакнат член на ДУИ до септември 2024 година, кога претрпе магична трансформација и стана ВЛЕН за да го постават директор на државното НОМАГАС.Вчера барав на седница да се зборува за нелегални дивоградби во сите 10 скопски ...

Обвинителството постапува по предмет во врска со сомнежите за фалсификувана деловодна книга со архивски броеви за легализација на обејкти во општина Чаир, при што се преземаат дејствија на проверки. Обезбедена е обемна писмена документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски, од Државниот управен инспекторат, како и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Истовремено, во текот на предистражната постапка е ...