Аргентина со неверојатен пресврт ја совлада Англија со 2-1 и обезбеди место во финалето на Светското првенство, каде што против Шпанија ќе ја брани светската титула. Сепак, славјето по полуфиналниот триумф отвори нова контроверзија, откако дел од аргентинските репрезентативци испратија политичка порака на теренот. Џовани Ло Селсо по натпреварот се појави со транспарент на кој пишуваше: „Фокландските Острови (Малвини) се Аргентина“. Набрзо му ...

Дербито меѓу Англија и Аргентина секогаш е едно од најжестоките на Светските првенства, а така беше случајот и вчера во Атланта, натпревар на кој видовме жестока борба, многу дуели и провокативни потези, како и завршна победа на „гаучосите“. Иако двете страни го најавуваат овој дуел како натпревар плус, реалноста е далеку од таква, а најдобар доказ за тоа е и политичката порака која ја испратија аргентинските фудбалери по крајот на мечот. ...

Аргентинските фудбалери бурно ја прославија победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство, но нивниот триумф набрзо беше засенет од политичката порака што ја упатија на теренот. По последниот судиски свиреж и победата од 2-1, аргентинската репрезентација развиори транспарент на кој пишуваше: „Las Malvinas son Argentinas“, односно: „Малвинските (Фолкландските) Острови и припаѓаат на Аргентина“. Лисандро Мартинез и Џовани Ло Селсо ...