Времето денеска (понеделник) ќе биде топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 23 степени. Утре (вторник) и во среда нѐ очекуваат слични временски услови, додека во четврток според метеоролошките прогнози ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во некои делови од земјата ќе има невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 28 степени. Во Скопје, денеска ќе има променливо облачно и нестабилно ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи, информира УХРМ. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и ...