Денеска, под светлината на пролетното сонце и мирисот на расцутени гранчиња, го славиме еден од најубавите православни празници – Цветници. Празникот што го носи духот на надежта, радоста и вечниот живот. Цветници не потсетуваат на триумфалното влегување на Исус Христос во Ерусалим, каде што народот го пречекал со палмови и маслинови гранки – симболи на победа, мир и благослов. Кај нас, палмите ги заменуваме со врбови гранчиња, кои денес се ...
Утре навршува еден месец од кобниот 16ти март. По ужасната трагедија во Кочани сликата е трогателна, мрачна и тешка. Цел град тагува по жртвите, но мислите и молитвите им се кај повредените, со желба за побрзо закрепнување. Длабока тишина и тажни лица можат да се забележат низ градските улици, а многуте некролози останаа да сведочат за катастрофалната трагедија што го погоди истокот на државата. Само неколку дена по трагедијата, иницијативата ...