Од јануари 74 кучиња од стационарот на „Лајка” се вдомени и добиле нов дом, што покажува раст на интересот за вдомување. Од претпријатието посочуваат дека овој тренд се зголемува благодарение на кампањите и подигнатата свест кај граѓаните. Дополнително, започната е и акција за привремено згрижување на кучиња, со цел да се зголемат шансите за нивно вдомување. Овој модел овозможува подобра социјализација на животните и нивна полесна адаптација ...

ЈП „Лајка“ во последниов период сè повеќе се фокусира на тоа да ги натера граѓаните место да купуваат, да задомуваат кучиња од неговиот стационар. Оттаму се обидуваат, преку повеќе настани, да го привлечат вниманието на љубителите на кучињата да си изберат свој миленик и да се грижат за него. Последно е можноста да се биде привремен згрижувач на едно од кучињата во стационарот, да му се овозможи на кучето да престојува во домашна атмосфера, ...