Перинаталното ментално здравје кај жените е нова тема која е исклучително значајна и на која треба да се посвети огромно внимание бидејќи истражувањето покажува дека не само во Македонија туку и во светски рамки на голем број жени кои штотуку се породиле им е потреба психолошка поддршка бидејќи се соочуваат со проблеми како анксиозност и депресија. Да се сензибилизира општеството и да се направат што е можно подостапни здравствените услуги за ...
Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и Реактор со поддршка од Француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но податоците ...
Потреба од едукација за здраво мајчинство, здрава бременост како и унапредување на менталното здравје на локално ниво се заклучоците на граѓанските организации во рамки на проектот за унапредување на перинаталното здравје, во периодот кога жената е бремена или тукушто родила. За време на проектот, само за 24 часа психолошка помош побарале 150 жени со деца на возраст од една година. Според анализите на организациите, податоците се ...
Една од пет жени се соочува со постпородилна депресија, а менталното здравје за време на бременоста и по породувањето сè уште останува недоволно препознаено во здравствениот систем. Иако постојат стратегии и акциски планови, перинаталното ментално здравје ретко се третира како составен дел од грижата за мајките, покажуваат искуствата и истражувањата презентирани на конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна ...

