Денеска (28 мај) во 21 часот, во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Часови без часовник“, поврзана со истоимената книга на Владимир Мартиновски. На изложбата се прикажуваат 15 негови дела во комбинирана техника на хартија кои се илустрации во стихозбирката „Часови без часовник“ (сонетен венец во издание на „Арс Ламина“, 2025). Изложбата ќе се отвори со поетско-музичка изведба на сонетниот венец, во која ќе ...
Во преполниот простор на Europe House Битола, денес бројната битолска публика имаше можност да биде дел од една посебна литературна средба – мултимедијален дијалог со проф. д-р Владимир Мартиновски, истакнат македонски теоретичар, критичар, поет, писател и истражувач на современата книжевност и култура. Неговиот извонреден настап ја претстави книжевноста како дел од еден широк културен колаж, во кој таа се преплетува со ликовната уметност, ...