Беше договорено од страна на УЈП да бидат организирани обуки со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата Ворк енд травел (Work and Travel). Обуките ќе започнат од понеделник. Ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите. Врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео ...

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски. Во тој ...

Нема ослободување од данок за студентите кои биле дел од програмата Work and Travel. Сите кои оствариле доход во 2025 година ќе мора да ги подмират своите обврски согласно законските прописи и утврдените постапки на Управата за јавни приходи, соопштуваат од Универзитетското студентско собрание по средбата со раководството на Управата за јавни приходи, каде што, исто така, било одлучено студентите да ги подмируваат давачките кон државата на ...