Жителите на преспанско Љубојно со секојдневните простести кои траат веќе две недели успеаја засега да ја запрат сечата на шумата која се одвиваше над селото во близина на црквите „Св. Атанас“ и „Св. Петар и Павле“. Велат дека откако почнаа да протестираат, веќе ги нема камионите кои биле вклучени во сечата. Но сепак, не се откажуваат од протестите сѐ додека не добијат и официјално ветување од надлежните институции дека сечата ќе запре и нема ...
„Мора да има правда за коријата, за упропастената дабова шума и за загрозувањето на нормалното функционирање на животот на мештаните во Љубојно,“ изјавија револтирани жители кои денеска протестираа пред канцелариите на ресенската подружница „Преспа дрво“. Кој е тој што дозволува да се уништат белите дробови на Преспа, на Македонија, прашуваат жителите на Љубојно кои сметаат дека активностите на „Преспа дрво“ се директно поврзани со уништувањето ...
БИТОЛА – Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што велат, потенцијалната еколошка катастрофа. Мора да има правда за коријата, упропастената дабова шума и загрозувањето на нормалното функционирање на животот на мештаните во Љубојно, велат за „Независен“, жители на ова село, поставувајќи го прашањето: „Кој е тој што дозволува да се уништат белите дробови на ...