Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август. Како што соопшти Владата, одлуката треба да овозможи координирано дејствување и мобилизирање на расположливите институционални капацитети за заштита на населението, имотот и природните ресурси. Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за ...

Македонија се соочува со еден од најсилните топлотни бранови ова лето, а на сила е 30-дневна кризна состојба поради високата опасност од пожари. Според УХМР, температурите во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 степени, а ќе продолжат и тропските ноќи со високи температури. Лекарите предупредуваат дека најзагрозени се повозрасните, хронично болните, децата и бремените жени и апелираат да се избегнува престој на сонце од 11 до 17 часот. ...