Овој празник меѓу народот е познат како Митровден и се празнува на 8 ноември според новиот календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, пократкиот ден и студеното време, народот вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“. Насекаде низ Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, полјаци, ...

Денес се одбележува Свети Димитрија, попознат како Митровден. Древните обичаи на народот велат дека на овој ден сите службеници чии договори истекоа се отпуштаат и се вработуваат нови, но исто така и на Митровден разбојниците се разделувале за да ја поминат зимата и повторно да се сретнат на Ѓурѓевден следната година. Обичаите налагаат дека во пресрет на Митровден и Ѓурѓовден, секој домаќин мора да биде дома, бидејќи ако не е, целата година ќе ...