Првиот дел од петнаесеттото коло од Лига 1 донесе два возбудливи натпревари, на кои беа постигнати по само еден гол, а трите бода останаа кај домашните екипи. Во првиот натпревар екипата на Монако одново ги разочара своите фанови и ја продолжи катастрофалната серија во домашниот шампионат. Пред само еден месец тимот од Кнежевството беше во трката за титулата, а сега го запиша четвриот пораз во последните пет кола. Последниот од тимот на Брест, ...

На стартот на денешната програма во Премиер лигата беше одиграно големото дерби меѓу Астон Вила и Арсенал. Астон Вила успеа да слави со драматичен погодок во петтата минута од судиското продолжение. Стрелец на победничкиот гол беше Емилиано Буендиа, кој ги постави конечните 2:1 и донесе голема радост за домашната публика. Домаќините поведоа во 36. минута преку Мети Кеш, но Арсенал израмни преку Тросард. Во самиот финиш, Буендиа ја завери ...

Килијан Мбапе пред повеќе од една година го напушти ПСЖ, но Олимпик Марсеј се уште има кошмари од ова презиме, откако помладиот брат Етан Мбапе им пресуди на „сино-белите“ на вечерашниот меч во Лил (1-0). Се играше 10. минута кога Мбапе втрча во шеснаесетникот, гостинскиот голман непотребно истрча од гол-линијата и му помогна на младиот голгетер да ја смести топката во мрежата. Олимпик имаше повеќе од играта, создаде неколку шанси, но домашниот ...