Србија ќе добие нов кошаркарски шампион откако Партизан неочекувано беше елиминиран од ФМП во денешното полуфинале против тимот на ФМП, губејќи со 79-92. Федерацијата го промени форматот па шампионот на Србија се решава на фајналфор што се игра во Ниш, каде „црно-белите“ ослабени поради неиграњето на голем дел од странските кошаркари немаа одговор за расположениот состав на ФМП. Тимот на ФМП имаше контрола, на одмор замина со „плус 11“, во ...

Сензационално ФМП успеа да го победи Партизан во првото полуфинеле од Ф4 турнирот во Ниш во битката за титулата со 92:79. Инаку можеа да се видат диви сцени на овој меч. Имено, по една спорна ситуација, тренерот на Партизан, Хоан Пењароја, реагираше многу бурно на одлуката на судијата и побара од сите тројца (Обркнежевиќ, Јевтовиќ, Пешиќ) објаснување за одлуката и цело време гестикулираше како да бара предизвик. Шпанецот беснееше како ...

Шампионот во српското кошаркарско првенство сезонава се решава со фајнл-фор турнир, на кој ретко кој очекуваше дека фаворитите Партизан и Црвена Звезда ќе бидат елиминирани во полуфиналето. Најпрвин Партизан загуби од ФМП (79:92), а подоцна, во второто полуфинале имаше подраматична завршница, во која Спартак Суботица со поени во последните секунди славеше над „црвено-белите“ од Белград. Батлер на десет секунди до крајот со тројка донесе ...

Да, точно, За титулата во Србија ќе се борат ФМП и Спартак, а не екипите кои се дел од Евролигата. Прво беше елиминиран Партизан од ФМП во првото полуфинале, за да потоа и Ц.Звезда беше поразена од Спартак со 89:90. Човек на одлука беше Американецот Оливие Ханлан кој го постигна кош за победа и голема радост на аутсајдерите. Така, во финалето во недела, и покрај сите очекувања, Спартак и ФМП ќе играат за титулата шампион на Србија. Додека ...