Младиот и амбициозен тренер Мартин Христов стана дел од семејството на ФК Илинден. Христов ќе ја извршува функцијата фитнес тренер во првиот тим на Илинден, а воедно ќе биде и главен тренер на генерацијата 2013, која ќе се натпреварува во Регионалната лига на ФФМ, заедно со ФШ Грозданоски. Тој е тренер со УЕФА А лиценца и зад себе има богато искуство. Беше дел од Македонија Ѓорче Петров, каде со генерацијата 2009 ја освои двојната круна, ...

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се ...

Фудбалскиот клуб Илинден продолжи да ги засилува своите редови како на теренот, така и меѓу стручниот штаб. Денеска беа промовирани двајца фудбалери, плус еден тренер. Младиот 19-годишен Марио Маркулев е шестото засилување за екипата на Илинден. Маркулев е офанзивен играч за врска кој доаѓа од младинскиот тим на Вардар. Од младинската школа на Вардар пристигна и Иван Ташовски. Тој е млад и талентиран играч кој за неколку дена ќе наполни 18 ...