Голманот ветеран на Баерн Минхен, Мануел Нојер, официјално го продолжи договорот со клубот за уште една година – до јуни 2027 година. Следната сезона Германецот ќе го носи дресот со број 16 во баварскиот тим. Истиот ден, третиот голман на тимот, Свен Улрајх, исто така го обнови договорот за идентичен рок. „Доволно добро размислив за мојата одлука и сега сум многу среќен. Сè е тука како што треба: со овој тим можеме да победиме секого. ...
Мануел Нојер откри многу необичен детаљ поврзан со одлуката да го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2027 година. Легендарниот голман призна дека со месеци користел специјална „семафор-апликација“ која му помогнала да одлучи дали да ја продолжи кариерата или да стави крај на професионалниот фудбал. Во разговор за официјалната страница на Баерн Минхен, Нојер објасни како секојдневно ја оценувал својата состојба користејќи систем со црвена, ...
Баерн Минхен ја заврши сезоната во Бундеслигата онака како што доликува, односно со испорачана „петарда“ во мрежата на Келн, но и со шампионска прослава на крајот. Сосема очекувано, Баерн ја одложи шампионската забава во Бундеслигата за последното коло, а денеска со фановите на „Алијанц арена“ беше прославена уште една успешна сезона во домашното првенство. Овие ѕвезди на Баерн ќе играат за обединување на двојната круна во финалето на Купот, ...
Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, можно е да го пропушти финалето на Купот на Германија против Штутгарт во Берлин откако се пожали на болка во мускулот по убедливата победа над Келн. Иако Баерн го затвори шампионатот на импресивен начин со триумф, повредата на искусниот голман внесе загриженост во таборот пред мечот за „двојната круна“. Според информациите од клубот, станува збор за непријатност во пределот на листот, поради што ...

