Со уште едно перфектно издание, Македонија победувајќи ја и вторпат Словачка го потврди своето место на ракометниот мундијал. Бекот на нашиот нациоанел тим, Филип Николов по средбата имаше свој коментар на двомечот. „Гледајќи вкупно на двомечот, единствено воведните петнаесетина минути од првиот натпревар што се играше во Прешов беа резултатски израмнети. Во другиот дел, бевме подобар противник и заслужено се пласиравме на Светското ...
Големо е задоволството во таборот на македонската репрезентација, не само поради обезбедниот мундијалски билет, туку и начинот на кој стигнавме до него, со две импресивни партии во кои победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Филип Николов, кој добива се повеќе шанси во националниот тим и ја користи минутажата од селекторот Лазаров, не го криеше задоволството што за првпат во кариерата ќе настапи на еден ракометен мундијал. ...

