Професор од средно училиште во скопската општина Центар е уапсен под сомнение дека вознемирувал ученичка и од неа барал да имаат сексуални односи. Од полицијата информираат дека вчера во 17:30 часот полицајци го уапсиле 52-годишниот скопјанец, кој е професор во средно училиште во Центар. Ова следело откако 18-годишна ученичка пријавила дека од 25 февруари до 2 март година тој сексуално ја вознемирувал и барал од неа да имаат полови односи. ...
52-годишниот професор од Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, пријавен за сексуално вознемирување на 18-годишна ученичка, доби мерки на претпазливост наместо притвор. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека му е одземен пасошот, му е изречена забрана за приближување до девојчето и има забрана за извршување на работните обврски. Неофицијално, на разговор во полиција биле повикани и поранешни ученички за кои ...
Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека определените мерки се на предлог барање од Основното јавно бовинителство. ...

