Денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје донесе фрапантни заклучоци од словенечкото медицинско вештачење за случајот „Онкологија“. Вештото лице Маја Равник од Марибор, по анализа на 51 медицинско досие, укажа на систематско кршење на сите медицински протоколи на Клиниката. Лекот „Оксалиплатин“ се давал како монотерапија, иако тој нема дејство ако не е во комбинација со други цитостатици. Равник оцени дека ваквата терапија е дадена само „про ...

Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје, пренесува МИА. Вештачењето е ...