Бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Мартинели, е најновата желба на богатите сопственици на Ал Хилал. Како што пренесуваат британските медиуми, клубот од Саудиска Арабија е подготвен да одвои најмалку 50 мил. евра за обесштетувањето и да му понуди на крилниот напаѓач три пати поголема плата од онаа што ја заработува на „Емирати“. ИЗДВОЕНИ Над 20 пожари низ Македонија, критично во Струмичко: ...
Габриел Мартинели би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако Ал-Хилал започна преговори со Арсенал и претставниците на бразилскиот репрезентативец. Според информациите на „Атлетик“, саудискиот клуб сериозно е заинтересиран за 25-годишниот крилен играч, кој веќе седум години е дел од Арсенал. Топчиите за неговите услуги бараат околу 60 милиони евра. Мартинели, наводно, е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, откако ...

