Македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува за Сараево, каде нашите најдобри фудбалери в петок со почеток во 20.30 часот ќе излезат на мегдан на селекцијата на БиХ. За домаќинот тоа ќе биде прв тест во пресрест на СП 2026, додека за нашиот селектор Гоце Седлоски можност да остави свој печат на тактички план, но и да даде шанса на неколку нови фудбалери, да ги покажат своите квалитети и да се обидат да се наметнат пред септемвриските ...
Македонските репрезентативци отпатуваа за Сараево каде утре (20.30 ч) на “Кошево“ ќе одиграат пријателска средба со селекцијата на БиХ. Без капитенот Енис Барди, кој откажа поради повреда, но со Елиф Елмас, Бојан Миовски, Столе Димитриевски, Џани Алиоски и другите, селекторот Гоце Седлоски ќе се обиде да дојде до добар резултат на оваа контрола против силната чета на селекторот Сергеј Барбарез, на која ова ќе им биде претпоследна проверка ...

