Грчката Цивилна заштита издаде предупредување за екстремна опасност поради шумски пожар во областа Касандра, во регионалната единица Халкидики. Предупредувањето е испратено денеска во 14:40 часот, со апел до граѓаните и туристите да бидат особено внимателни, да останат информирани и да ги следат инструкциите на надлежните служби. Од властите се упатува и апел за почитување на мерките за самозаштита поради опасноста од брзо ширење на огнот. ...
Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика евакуација на туристи и жители од погодените подрачја, а меѓу оние кои побарале информации и помош има и македонски државјани. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека до дипломатско-конзуларното претставништво во Солун телефонски се обратиле македонски граѓани кои се наоѓаат во подрачјата погодени од пожарот. На граѓаните им биле пренесени ...

