Кулминацијата на НБА-сезоната се сведува само на две екипи. Сан Антонио како најдобар тим во Западната конференција и Њујорк како број 1 на Истокот од вечерва ја започнуваат клучната „војна“ за шампионскиот пехар во најсилната кошаркарска лига во светот. Сан Антонио ја има предноста на домашниот терен и вечерва ќе игра пред своите навивачи. Сепак, Њујорк е тимот кој игра неверојатно во плејофот сезонава и нареди неверојатни 11 победи по ред. ...

Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12.та победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со 55:48, но противникот во вториот дел со одличната одбрана им дозволи да постигнат само 40 поени и направи разлика од 17 ...

Њујорк никс води со 2:0 во НБА финалето, откако ноќеска во драматична завршница славеше над Сан Антонио на гостински терен со 105:104. Со овој триумф, Њујорк стигна на пола пат до остварување на сонот, а тоа е освојување на НБА титулата. По двете победи на гостински терен, Њујорк сега следните два меча ќе ги игра пред домашната публика и со евентуални нови две победи, ќе стигне до трофејот. Мечот започна во знакот на Сан Антонио и домќините ...