Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ може многу брзо повторно да ја смени средината. Според пишувањата на дел од кошаркарските портали, Димитријевиќ е многу блиску до договор со грчки Арис кој подготвува тим со сериозни европски амбиции. Како што пишуваат порталите, Арис по доведувањето на Спанулис на кормилото на тимот сега е во фаза на составување респектабилен состав со кој сака да се врати на европската сцена. ...
Денеска во македонската спортска јавност се појавија информации дека еден од најдобрите кошаркари Ненад Димитријевиќ би можел да се пресели во грчкиот Арис, а дел од медиумите пренесуваат дека тој е на чекор до потпис со клубот. Според објави кои се повикуваат на грчки извори на социјалната мрежа X (Твитер), новиот тренер на Арис, Василис Спанулис, наводно го гледа Димитријевиќ како едно од клучните засилувања во проектот за враќање на клубот ...
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во грчки Арис од Солун. Според информациите од грчките медиуми се очекува играчот и клубот наскоро да постигнат договор. Од вчера на клупата на оваа екипа е грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис, а воедно Димитријевиќ беше првиот избор на тренерот за новата сезона. Оваа сезона македонскиот кошаркарски интернационалец ќе ја заврши во Баерн, кај Светислав Пешиќ и ...

