Главниот град на Македонија попладнево беше погоден од исклучително силно невреме, кое за кратко време предизвика сериозни материјални штети и сообраќаен колапс. Станува збор за моќен бран кој претходно ја зафати Црна Гора и се движеше кон државава. Центарот за управување со кризи (ЦУК) досега регистрираше над 8.000 итни повици на бројот 112 од граѓани кои пријавувале штети во своите домови и заедници. Сериозни оштетувања претрпе целиот град. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и нормализирање на сообраќајот и јавните функции. Според податоците на МВР, најголеми штети се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 ...

