Вардарската регата по 26. пат ќе заплови на 19 јуни од под Мало Mовче во Велес за да стаса до Солун на 23 јуни. Ова е третпат како регатата ќе плови до вливот на реката Вардар во Егејско Mоре за потоа да стигне до Солун. Како и претходните години, има четири базни логори Криволак и Демир Капија во Македонија и Поликастро и Акропотамис во Грција. „Деталите се утврдени со грчките партнери, солунските скаути. Промени на трасата нема, ја знаеме ...
– Ќе пловиме како велешките гемиџии, кои, во 19 век, стоката ја дистрибуирале со гемии до Солун. Петтиот ден од пловидбата треба да влеземе во делтата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколкупати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата. Во оваа делта, каде што Вардар се дели на осум краци, водостојот е многу низок, ќе имаме помош од грчките рибари да пловиме по вистинската патека. Треба да стигнеме до Солунското ...

