Постојат слоеви кои се проѕираат во длабочината на она што било, што веќе минало како наратив, и на она што се согледува како утопија, како визија кон иднината. Постојат простори во кои звукот, виолинскиот клуч, ви ја подарува посакуваната потикнувачка тишина на бесмислено развревениот свет во сета негова полност, со сите негови повеќзначности. Постои звук кој, всушност, создава нови простори на соочување, на препознавање – звук кој е јазик со ...
Во преполната сала на Националната опера и балет На сцената на Националната опера и балет незаборавен концерт што долго ќе се памети одржа Кирил Џајковски, пионерот на електронската музика и истакнат композитор на филмска и театарска музика. Концертот беше ретроспектива на неговото 25-годишно творештво во работата на музика за филм, а публиката го награди со долготраен аплауз и стоечки овации. Во придружба на оркестар и врвни солисти беше ...