Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со претставници на МК25, на која разговараше за економскиот развој, инвестициите и зајакнувањето на врските со дијаспората. На средбата присуствуваа Мајк Зафировски, Никица Мојсовска-Бражевска и Арбен Јусуфи, а во фокусот на разговорите беше поддршката на компании управувани од дијаспората за инвестирање во Македонија, како и создавање услови за поголемо вклучување и враќање ...

