Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ апелираше до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици. Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

