Кина ќе преговара и ќе потпише нов економски договор со Африка што ќе ги елиминира сите тарифи за 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, потег што би можел да им користи на земјите со среден приход. Втората најголема економија во светот нуди пристап до пазарот без царина и квоти за најмалку развиените земји, вклучувајќи многу африкански земји, но новата иницијатива ќе ги изедначи условите со тоа што ќе понуди сличен пристап до ...
Ова беше објавено на министерски состанок за соработка меѓу Кина и Африка во кинескиот град Чангша, во време кога африканскиот континент се соочува со можно зголемување на царините за своите производи што се извезуваат во Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Нултата царина, доколку се спроведе, би била продолжение на договорот постигнат минатата година, според кој Кина ги отстрани царините за стоки од 33 африкански земји ...
Економската и трговска размена меѓу Кина и Африка постојано е во забрзан подем последниве 20-тина години. Од 100 милијарди јуани до 2,1 билијарди лани. Во просек, размената растела со 14,2 процента годишно. Годинава растот е уште поголем: само во првите пет месеци, 12,4%. Цели 16 последователни години, Кина е најголемиот трговски партнер на државите од Африка. Уште поголем поттик уследува по тридневниот Форум за кинеско-африканска соработка на ...