Одличната сезона во БиХ, македонскиот интернационалец Агон Елези ја заокружи со победнички гол за Сараево, во последниот натпревар од сезоната, со кој неговиот тим славеше над градскиот ривал Железничар со 1-0. Елези погоди во третата минута од судиското надополнување во првиот дел, и тоа беше единствен гол на мечот. Играчот од средниот ред имаше одлична сезона, со оглед дека го постигна деветтиот гол за својот тим во сезоната. Тој ќе се ...
Македонскиот репрезентативец Агон Елези одигра одличен натпревар за екипата на Сараево и го постигна единствениот погодок за својот тим во победата против Железничар со конечни 1-0 (1-0). Мечот од последното коло на босанскиот шампионат беше решен со голот на Елези, за кого ова беше деветти подогок сезонава. Гостинскиот тим ја затресе мрежата во 90. минута, но беше поништен по прегледот на ВАР-снимката. Во составот на домаќинот беше и ...
Каква ноќ за Агон Елези на “Кошево“. Македонскиот повремен репрезентативец со убав гол во 45+3.минута успеа да му донесе победа на Сараево од 1:0 против Железничар во вечното сараевско дерби, едно од најголемите на овие простори. Во победничкиот тим настапи и Стефан Ристовски, поранешниот капитен на нашата репрезентација. Претходно Елези доби и признание од навивачите на неговиот клуб. Навивачите на Сараево, UNFX Hordes of Evil го избраа ...
Македонскиот репрезентативец, Агон Елези донесе победа на Сараево над Железничар во големото дерби во последното коло во Босна и Херцеговина. Ова беше меч кој немаше резултатско значање за двете екипи, но овие средби секогаш се посебни, носат тензија, борба за престиж, покажување дека сте подобри од лутиот ривал и овојпат нашиот Елези беше човек на одлука. Се играше завршницата на првиот дел кога Агон се најде на вистинското место и ја смести ...

