На 17 јуни 2018 година, на грчката страна на брегот на Преспанското Езеро, беше потпишан документ кој го промени текот на современата македонска историја. Не затоа што беше совршен. Не затоа што ги избриша сите разлики. Туку затоа што докажа дека политиката може да биде повеќе од управување со стравовите на денот. Дека може да биде визија за иднината. Осум години подоцна, Договорот од Преспа останува еден од најзначајните дипломатски настани ...

Осум години по потпишувањето на договорот во Преспа - се стави крај на спорот за името, но сè уште, според експертите, останаа неисполнети ветувања и надежи кои надвиснуваат над европската иднина на македонските граѓани. Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, вели дека постојат големи придобивки од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу кои безбедноста отсликана преку НАТО но и тоа дека договорот има меѓународно значење и од таму и ...

На денешен ден, 17 јуни 2018 година, Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор, со кој беше ставен крај на повеќедеценискиот спор за името меѓу двете земји. Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, како и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница. ...