Едноставно Силекс знаеше како треба. Покажа како треба да се игра едно вакво финале. Максимално борбено, агресивно, како што треба една Шкендија да се победи. И тоа и го сторија кратовци предводени од стратегот Александар Васоски на кого ова му беше второ финале, ама и прв освоен пехар во Купот на Македонија. Силекс како повеќе да ја посакуваше победата, како да имаше повеќе енергија во себе, е кога е така тогаш на тој начин се победува во ...
Силекс е нов освојувач на Купот на Македонија, откако во финалето на Националната арена во Скопје ја совлада Шкендија со 1:0. Кратовци со овој триумф по четврти пат го освојуваат куп-трофејот, а воедно обезбедија и настап на европска сцена следната сезона. Херој на Силекс беше Алиќ, кој во 71. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот по брза контра-акција. Додев проби по левата страна и испрати употреблива топка, а Алиќ сигурно ...

