Ветувањето на рускиот претседател, Владимир Путин, дека воините што учествувале во војната со Украина се новата руска елита – почнува да се остварува. Систематското унапредување на ветераните од таканаречената специјална воена операција (СВО) во владините институции почна уште во 2024 година, кога ја почна Путин програмата за персонал „Време на хероите“, а независните руски новинари сега открија колку „ветерани“ го пополниле државниот апарат: ...

Владимир Путин ги отфрла повиците за преговори со Киев, изјавија за „Ројтерс“ три извори блиски до Кремљ, а серијата напади врз руските рафинерии и пристаништа ја зајакнуваат неговата решеност да продолжи да војува засега. Тие рекле дека Путин веројатно ќе го засили конфликтот во наредните месеци. Ова следува откако Доналд Трамп изјави дека Путин сака војната да заврши и дека решението е поблиску одошто луѓето сфаќаат. Трамп минатата недела ...