МВР информира дека вчера попладне полициски службеници во Гостивар извршија две одвоени контроли, при што приведоа двајца млади возачи. Првиот случај е во 17:40 часот на улицата „Илинденска“, каде била запрена М.М.(19) од селото Чајле. Таа управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, а проверката покажала дека нема возачка дозвола. Возилото ѝ е одземено. Два часа подоцна, на улицата „ЈНА“, полицијата го уапси Т.М. ...
Вчера, на подрачјето на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна ...

