Лионел Меси и Луис Суарез и на 38 години се уште како во најдобрите свои времиња, овој пат во МЛС лигата. Интер Мајами славеше на домашен терен против Монтреал со 4-2, благодарение токму на своите ѕвезди кои си ги поделија головите, а имаа дополнително и по една асистенција. Лионел Меси ја потврди класата со два прекрасни погодоци, најпрво со шут од работ на шеснаесетникот, а потоа и со лоб удар, а на него со уште два гола се дополни и Суарез.  ...

Лионел Меси одигра спектакуларна партија и режира победа на Интер Мајами против Колумбус Кру (5-1) во МЛС лигата. Аргентинската ѕвезда мечот го отвори со асистенција до Аленде за првиот гол. Потоа во десет минути двапати ја тресеше мрежата на противникот за 2-0 и 3-0. Своето шоу Меси го затвори со асистенција при петтиот гол на својот тим. Оваа сезона Лионел Меси веќе има седум погодоци на десет одиграни натпревари и влегува во одлична форма ...

Од играњето на Лионел Меси во Интер Мајами полза имаат сите клубови во МЛС лигата, не само Розевите од Мајами. Доаѓањето на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ во САД во летото 2023 година, го зголеми интересот за следење на мечевите од МЛС лигата, останатите клубови ги зголемија цените на билетите, а пак имаат зголемена продажба на влезниците. Некаде билетите поскапеа и за неверојатни 1.000 проценти. Таков беше примерот кога Меси и ...

Интер Мајами го совлада Монтреал со 4-2 на домашен терен, во меч што повторно го обележаа Лионел Меси и Луис Суарез со својата фудбалска магија. Аргентинецот го отвори резултатот во 27. минута со убав гол од шеснаесетникот (1-0) .По пауза од повеќе од 40 минути, во второто полувреме повторно блесна двоецот кој со години тероризираше одбрани низ Европа. Во 68. минута Меси со леснотија влезе во шеснаесетникот, се ослободи од противничките играчи ...