Лионел Меси и Луис Суарез и на 38 години се уште како во најдобрите свои времиња, овој пат во МЛС лигата.
Интер Мајами славеше на домашен терен против Монтреал со 4-2, благодарение токму на своите ѕвезди кои си ги поделија головите, а имаа дополнително и по една асистенција.
Лионел Меси ја потврди класата со два прекрасни погодоци, најпрво со шут од работ на шеснаесетникот, а потоа и со лоб удар, а на него со уште два гола се дополни и Суарез.
По оваа победа, Интер Мајами е на 6. место во Источната конференција со 26 бода, седум помалку од лидерот Филаделфија, но и со натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА