Македонскиот стратег Славчo Војнески е пред преземање на клупата на турскиот прволигаш Газијантеп, пренесуваат турските медиуми. Војнески во минатото веќе претходно работеше како помошник тренер во Газијантеп во сезоната 2016/17, а беше дел од стручните штабови и на Генчербирлиги, Ризеспор и Елезигспор, па сега повторно е пред можност за враќање во Турција. Како што пренесуваат Турците, преговорите меѓу двете страни се во тек, па наредниве ...
Италијанските медиуми објавуваат дека поранешниот тренер на Болоња и Јувентус, Тиаго Мота, е еден од кандидатите за нов тренер на Милан. Милан бара „траен“ тренер кој ќе го замени Сержиу Консејсаун, португалскиот стручњак кој пристигна на Сан Сиро за да го замени Пауло Фонсека на крајот на декември. И покрај освојувањето на Суперкупот на Италија, тој сепак не направи доволно за да го убеди раководството на „росонерите“ да му го доверат тимот на ...