Славче Војнески кандидат за нов тренер на Газијантеп!

Македонскиот стратег Славчo Војнески е пред преземање на клупата на турскиот прволигаш Газијантеп, пренесуваат турските медиуми.

Војнески во минатото веќе претходно работеше како помошник тренер во Газијантеп во сезоната 2016/17, а беше дел од стручните штабови и на Генчербирлиги, Ризеспор и Елезигспор, па сега повторно е пред можност за враќање во Турција.

Како што пренесуваат Турците, преговорите меѓу двете страни се во тек, па наредниве денови се очекува и евентуална реализација на договорот.

Изминативе години 51-годишниот Војнески работеше и како шеф на стручниот штаб на словачките Серед, узбекистански Пакхтакор, како и молдавски Петрокуб.

Се вчитува...