„И покрај нашите апели водата за пиење да не се злоупотребува, таа појава продолжи и понатаму, поради што сме принудени да ја воведеме непопуларната мерка – рестрикција во водоснабдувањето“, изјави директорот Бурим Каба. Во периодот од 10 до 13 часот без вода ќе биде селото Долно Косоврасти, каде се наоѓа и бањскиот локалитет, додека од 13 до 16 часот целиот град. „Нашата вода, која е од изворите во Росоки, е една од најквалитетните не само во ...
ЈКП „Водовод“ – Битола ги информира сите корисници дека поради високите температури, потрошувачката на вода во водоводниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола е драстично зголемена и надминува 700 литри во секунда. Како резултат на тоа, притисокот во системот е намален, што предизвикува проблеми со водоснабдувањето, особено во критичните и повисоките делови од градот. „Апелираме до сите корисници на рационално користење на водата, односно да се ...
Поради зголемена и неконтролирана потрошувачка, Скопје се соочува со намален притисок и прекини во водоснабдувањето ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека повторно е забележана зголемена потрошувачка на вода, со просечно дневно ниво од околу 350.000 кубни метри. Поради оваа енормна и неконтролирана потрошувачка, градскиот водоводен систем работи со намален притисок. Во некои делови од Скопје се појавуваат повремени прекини во ...
Куманово 23 јули 2025 (МИА) - Надлежните од јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Општина Старо Нагоричане апелираат до жителите за рационално користење на водата за пиење. -Апелираме на рационално и наменско користење на расположливите количини на вода, со цел обезбедување достапност на доволни количества здравствено исправна и чиста вода за пиење за потребите на корисниците на услугите од ЈКП „Козјак“ од општина Старо Нагоричане, изјави ...