Вистинска драма се одвивала викендов на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид, каде што параглајдер заврши среде шеталиште полно со луѓе, создавајќи сцени кои лесно можеле да прераснат во сериозна несреќа. Според видеото објавено на Јутјуб каналот на Ohrid1.com, леталото се движело невообичаено ниско над патеката, приближувајќи се опасно блиску до пешаците. Во еден момент, жена и мало девојче забележуваат што се случува и видно исплашени ...

Вчера во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот. Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид, до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен ...