Колони возила уште од вчера попладне, а особено утрово (1.05) на граничните премини чекаат за излез од Македонија околу 30 минути. Македонија не e исклучок по „навиката“ како се користи празничниот неработен ден - Први мај, меѓународен ден на трудот. Домашните, како и туристичките агенции во соседните земји тријат раце – празникот повеќе ги анимира патувањата, отколку синдикалните маршеви. Иако голем дел од граѓаните го споија празникот со ...

Иако голем дел од граѓаните го споија празникот со претстојниот викенд, во главниот град сепак ќе се слушне синдикалниот глас. Денот на трудот ќе биде одбележан со протест што го организира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со неколку барања: минимална плата во висина од 500 евра, зголемување на сите други плати во државата за 100 евра, зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 отсто, согласно со Општиот колективен ...