Во текот на оваа недела повторно ќе бидат евакуирани македонски граѓани од земјите во Блискиот Исток, откако вчера 151 лице беа пренесени во земјава меѓу кои имаше и странски државјани. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека засега во Дубаи се наоѓаат уште 430 македонски граѓани а посебен лет ќе биде организиран и од другите држави. Предност, рече тој имаат мајки со деца, како и оние кои таму немаат постојан престој, ...
Скопје, 9 март 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела. На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам ...
Државата планира уште два чартер лета утре и кон средината на неделата, за извлекување на македонски граѓани од ризичните подрачја на Блискиот Исток. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во моментов работи и на евакуација на македонски граѓани кои се наоѓаат во Бахреин, Катар и Кувајт. Планот е тие најпрво да бидат пренесени во Саудиска Арабија, од каде што во среда се очекува да бидат префрлени со авион кон регионот. ...

